ФОТО: Раскопани ѕидови и ѓубре на сите страни - вандали ја демолираа амбулантата во Ѓорче Петров
Потпалени и раскопани ѕидови, искршени олуци, ѓубре и отпушоци насекаде.Ваква била глетката која ја забележале докторите и медицинскиот персонал од амбулантата во Ѓорче Петров два.
Како што пренесува Канал5, и во минатото се случувало вандалите да да провалуваат и во ординациите и да ги ограбуваат. Влегувале и во аптеката за наркотици.
Штом се затвори амбулантата имаме проблем со околното население, најверојатно деца, кои цела ноќ седат овде. Наоѓаме најразлични работи - од шприцови до алкохол, но најголем проблем е што се уништува објектот од надвор. Објектот е од привремен карактер, стар е 50 години, се вадат надворешните табли и работата е што стаклената волна однадвор веќе е видлива и со едно шкорче може да се дигне во воздух, вели д-р Аглаица Димова за телевизијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа