"Ако ја испратев до дома можеби немаше да биде убиена..." - другарот на Тијана скршен од болка

Тијана Јуриќ која беше брутално убиена од Драган Џуриќ, навечер се плашела да оди сама. Кога и да била сама некој ја следел. Ноќта кога исчезна е првата ноќ кога таа излегла некаде сама по долго време.

Нејзиниот другар Стефан скршен од болка за српскиот Ало си ја отвара душата и раскажува за несреќното девојче: - Откако исчезна си го враќам постојано филмот во глава. Се прашувам дали можеби ништо од ова немаше да се случи доколку ја испратев јас до дома. Знам дека судбината така сакала, но не можам да престанам да размислувам за сево ова, вели тој скршен од болка.

За Тијана вели дека секогаш била насмеана и весела и немало човек кој не ја сака.

Сите кои го познаваат Стефан велат дека откако ја чул трагичната вест која го обои регионот во црно, постојано седел и гледал немо во една точка. Иако знае дека не е виновен, и дека Тијана се нашла во погрешно време на погрешно место, се чуствува виновен и се прашува шт би било ако тргнел со неа вечерта кога исчезна. Тијана му рекла дека сака да си оди сама, па затоа и тој не настојувал.

 

15.08.2014 - 09:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега