Викенд прогноза: Во недела дожд - еве што ќе се случува со температурите

Во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло, со слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 13 до 23, а максималните дневни температури ќе достигнат до 38 степени целзиусови. УВ индекс  ќе биде 8.

Во Скопје, исто така, сончево и многу топло, со слаб јужен и југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде до 20, а максималната дневна температура ќе достигне до 35 целзиусови степени.

Во сабота ќе биде сончево, топло и ветровито со благ пад на температурите. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20, а максималните дневни температури ќе достигнат до 36 степени.

Во недела пак, не` очекува дополнителен пад на температурите. Ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Во крајните западни предели со услови за слаб локален дожд.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува и умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе бидат од 11 до 20, а максималните дневни температури ќе достигнат до 18, односно до 29 степени Целзиусови. УВ индекс ќе изнесува 5.

15.08.2014 - 09:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега