За влакно избегната трагедија- пилотот заспал, помошникот играл на “таблет“

Патнички авион на компанијата „Џет Ерлајнз“ „пропаѓал“ две илјади метри, без тоа да го забележат пилотот, кој спиел на своето седиште и неговиот помошник кој во тоа време си „играл“ со својот таблет.

Инцидентот се случил во воздушниот простор на Турција и леталото можело и понатаму да ја губи својата височина, ако не реагирала исплашената контрола на летање од Анкара која почнала да го предупредува екипажот,не знаејќи што се случува.

Предупредувачките повици од турската контрола, прв ги забележал копилотот кој го разбудил капетанот на авионот кој брзо го вратил леталото на височината на која имал дозвола да лета.

Тие двајцата ги излажале контролорите на летањето декка биле зафатени,кога овие барале објаснување за случајот. Пилотот и копилотот го скриле инцидентит и од индиската комисија за безбедност во воздушниот сообраќај,но за целиот случај што го открива весникот „Тајмс оф Идија“ од Њу Делхи,се разбрало откако до комисијата пристигнале неколку анонимни пријави.

Отворена е истрага за целиот случај,по што се очекува капетанот и неговиот помошник да бидат суспендирани,а истрага отвори и компанијата „Џет Ерлајнс“ која настојува тешкиот инцидент да не предизвика комерцијални проблеми и одлив на патници.

Авионот „Боинг 777-300“ со 300 патници,летал на својата редовна линија од Мумбај за Брисел.

Засега не се знае што го предизвикало неговото „пропаѓање„ во воздушниот простор над Турција. Воздухопловни експерти објаснуваат дека острата реакција на турската контрола на летање, можеби спречила голема катастрофа. Можело да дојде до судар на два авиона или во најлесен случај до „блиска средба“ со друг авион,затоа што кога индискиот „Боинг“ ја напуштил својата височина од над 11 илјади метри на која го поставила турската контрола,тој „слободно паѓал“ минувајќи низ коридорите на другите авиони. Воздушниот простор на Турција ова лето е многу позафатен од обично,поради ситуациите во Ирак и Украина.

15.08.2014 - 09:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега