Свеченост за одбележување на Денот на АРМ
Во кругот на Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана денеска ќе се одржи свеченост за одбележување на Денот на Армијата на Република Македонија - 18 август.
На свеченоста ќе бидат прочитани наредби за унапредување, врачување на плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на Министерството за одбрана и ГШ.
На одбележувањето на Денот на АРМ пред присутните ќе се обрати началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, а ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Јолевски, заменикот-министерот за одбрана Арбен Лабеништа, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски, раководителите во МО, началниците на организациските единици во ГШ на АРМ...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа