Фестивал на сирење и вино во Охрид

По неколкугодишна пауза, вечер во Охрид ќе биде отворен Фестивалот на вино и сирење, манифестација предвидена да ги промовира виното и сирењето како специфични македонски производи со особен квалитет.

Како што најави Ѓоко Апостолоски од Секторот за туризам и локален економски развој во локалната самоуправа, манифестацијата е обновена, со внесување неколку новини со цел истата да биде попривлечна за гостите кои престојуваат во Охрид.

- Покрај излагачи од Југозападниот регион на Македонија кои беа присутни и во минатите изданија, годинава за прв пат свои штандови ќе имаат и производители од Ресен и  Корча – Албанија. Со тоа настојуваме манифестацијата да добие меѓународен карактер. Иновативност во фестивалот е начинот на презентација на производите, истакна Апостолоски.

Двата фестивалски денови манифестацијата што ќе се одржува на Плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот ќе биде збогатена со музичка програма и настап на охридски групи и музички состави. 

15.08.2014 - 09:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега