Полицијата влезе во скопски Грчец - уапсен шефот на групата што го пустошеше Ѓорче Петров

Полицијата ги обезглави криминалните групи од Грчец. Како што дознава Press24, денеска бил уапсен озлогласениот Арслан Пода, организатор и предводник на повеќе криминални групи кои оперирале во земјава но и надвор од неа. Тој и неговите соработници биле експерти за продажба на дрога, кражби на возила, лихва и киднапирање бизнисмени. Не ги барала само макеоднската полиција. Познати им биле и на силите на законот во Чешка и Словачка. Заедно со Пода уапсен е и еден негов соработник. Полицијата денеска вршела серија претреси во селото Грчец кое со години важи за еден вид бастион на криминалци кои главно ограбуваат возила и домови во околината на селото и општината Ѓорче Петров. Групата на Пода пред извесно време се „прославила“ и со киднапирање на макеоднски бизнисмен. Кога грабнувале, барале висок откуп за ослободување на жртвите. Според неофицијалните информации, уапсените живееле во вистински раскош иако до сега не пријавувале ниту приходи ниту имот. Полицијата потврдува дека спорвела голема акција но барем засега не откриваат официјални детали.

14.08.2014 - 18:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега