Таткото на Тијана бара 40 години затворска казна за монструмот

Семејството на убиената Тијана размислуваат да најмат адвокат кој би им помогнал, убиецот на нивната ќерка да добие најголема казна, пренесува српски Блиц.

 -Само 40 години без помилување за Драган Ѓуриќ, секоја друга казна е неприфатлива за нас. Не сакам ни да помислам дека може да биде поинаку -рече таткото на Тијана

Тој  додаде дека кога времето ќе му дозволи ќе основа фондација за исчезнати деца.

- Разговараме со луѓето за „Законот на Тијана“ според кој кога ќе се пријави исчезнато дете, нема да се чека законскиот рок од 48 часа, туку веднаш да се реагира и потрагата да биде таква каква што треба да биде. Дури и ако детето самоволно замине, најважно е да го најдат што поскоро. По се што се случи сакам да ја променам свеста во нашето општество. Можеби од оваа страшна трагедија можње да произлезе нешто добро - изјави тој за  српски „Блиц“.

14.08.2014 - 16:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа