Жалбата на Суарез одбиена, дебито за Барселона на 25 - ти октомври
Судот за спортска арбитража во Лозана ја одби жалбата на Луис Суарез за четиримесечната суспензија.
Напаѓачот е суспендиран поради гризнувањето на Џорџо Кјелини во текот на дуелот Уругвај-Италија на Светското првенство во Бразил.
Уругвајскиот репрезентативец во меѓувреме од Ливерпул се пресели во Барселона за 88 милиони евра, но нема да може да дебитира за Каталонците до 25-ти октомври кога му истекува суспензијата.
Меѓутоа, дозволено му е да тренира со тимот.
14.08.2014 - 16:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа