Течен кокаин во суво овошје

Припадниците на полицијата на Смедерево вчера ги уапсија Љ.Г.(53) и Д.Ј.(31) од Белград, поради сомневање дека организирале криумчарење на кокаин од Јужна Америка во Европската Унија и Србија. Во кривичната пријава е опфатен и Д.Г.(53) од Белград, кој моментално не е достапен на полицијата бидејќи се наоѓа во Јужна Америка.

Дрогата во Србија пристигнувала во поштенски пратки од Јужна Америка, а на основа на оперативните сознанија на смедеревската полиција, во Поштата во Белград со една пратка на суво овошје пронајдено е 435 грама течен кокаин. Со понатамошна оперативна работа службениците дошле до нови информации кои ги проследиле до полициите на Шпанија и Португалија.

Врз основа на добиените информации, во Мадрид и Лисабон се пресечени уште два канали за криумчарење и запленети се 5 килограми кокаин. Во таа акција шпанската и португалската полиција ги уапсиле државјаните на Србија Г.И.(51) и Н.М.(55), кои дрогата во Европа ја донеле во личниот багаж.

 

 

14.08.2014 - 15:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега