Уште една страотна сообраќајка во Македонија - двајца во болница

 

Двајца моторциклисти се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случи попладнево на патниот правец Струга- Дебар.

Како што пренесува Охридњуз, до незгодата дошло кога џип со струшки регистарски таблици удрил во група моторциклисти, при што двајца од нив се здобиле со тешки телесни повреди. Едниот од нив е пренесен во струшката Општа болница, а другиот во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.

За среќа, повредените се надвор од животна опасност.

14.08.2014 - 15:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега