Уапсен 52- годишен маж колекционер на машки полови органи
Според за сега неофицијални информации во Славонски Брод уапсен е маж поради сомнеж за поседување човечки органи во неговиот стан, кои ги чувал во стаклени тегли.
52- годишниот маж е уапсен во вторникот, а наводно поголемиот дел од органите кои ги поседувал, биле машки полови органи. Станува збор за работник во славонската болница кој веќе е суспендиран од работното место.
Се претпоставува дека гениталиите се отсечени од телото на мажите во мртовечниците или некаде во патологија.
Човекот се уште е во притвор а против него е поднесена кривична пријава.
Полицијата за овој бизарен колекционер дознала преку дојава, а се уште не се знае дали уапсениот има некаква врска со погребална служба. Мажот нема полициско досие и е семеен човек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа