Бомба екслодира пред кафуле во студентскиот комплекс во Бања Лука

Рано изутринава во комплексот на студентскиот дом „Никола Тесла“ во Бања Лука, експлодира бомба која предизвика само материјална штета, соопшти денеска полицијата на Република Српска.

Како што објави интернет изданието на весникот „Независне новине“, бомбата експлодирала околу три часот пред едно кафуле во дворот на студентскиот дом.

Полициската истрага за настанот е во тек.

14.08.2014 - 12:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега