Ги убил за пари: Детали за вчерашното убиство во Вевчани

Наводен паричен долг е причината поради која Здравко Србакоски вчера вечер влета во локалот "Пјаца" и уби двајца соселани а рани уште двајца, тврдат вевчанци. За Србакоски велат дека отсекогаш бил чуден а понекогаш агресивен и непресметлив но никогаш не ни помислиле дека тој е способен да стори злостор каков не се памети во селото, пишува Вечер

Според нивните изјави, Србакоски тврдел дека сопственикот на "Пјаца", Владо Попески, му должел пари и во неколку наврати му ги барал но Попески не го признавал долгот и секоја средба завршувала со расправија. Тие знаеле дека има финансиски проблеми и дека често се коцка и обложува но не можат да објаснат зошто тој ги барал парите токму од Попески. Србакоски, во неколку наврати, јавно и пред повеќе соселани изјавил дека ќе го убие Попески, но за жал никој не го сватил сериозно.

Вчера, околу 21 часот, тој влегол во локалот и дошол до масата на која седел Попески со пријателите Матеј Ѓурчески, Илија Пржитоски и Горан Коруноски. Засега не е точно утврдено дали на пукотниците претходела физичка пресметка но Србакоски посегнал по пиштолот кој го носел на појасот и од непосредна близина го испразнил шаржерот во четворицата соселани.

Од истрелите на самото место починал Попески додека Ѓурчески им подлегнал на повредите на пат кон струшката болница.

Србакоски се обидел да побегне во планината крај селото но набрзо бил откриен и приведен.

Од полицијата нема информации дали при апсењето е најден и пиштолот со кој пукал и дали го поседувал со дозвола.

 

Двајцата ранети, Пржитоски и Коруноски, се хоспитализирани во струшката болница каде им е укажана лекарска помош и се санирани дел од повредите меѓутоа нема информација за тежината на повредите и дали некој е во животна опасност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечерва ќе има трагедија, ќе видите: Детали за убиството во Вевчани

ФОТО: Крв на сите страни - крвавите траги сведочат за трагедијата во Вевчани

ФОТО: Ова се убиените во вчерашните пукотници во Вевчани

14.08.2014 - 11:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа