Ја однела ќерката на игралиште - се боцнала на игла полна со крв и дрога
Мајка си го пуштила детето на игралиште, а кога се вратило дома дефинитивно се шокирала. Се работи за мајка од Хрватска, Маја Белич, која во вторникот ја пуштила својата ќеркичка Лота на детско игралиште, а детенцето кое се играло во песок, одеднаш се боцнало на искористена игла.
- Мојата ќерка седеше во песок и играше, а одеднаш врисна и почна да плаче. Кога ја кренав видов игла на нејзината нога, вели мајката.
Шокот за мајката и детето тукушто започнал бидејќи целиот ден го поминале по болници. Иглата била полна со дрога, а на неа имало и крв. Потресената мајка за Дневник.хр, раскажува дека цело семејство потресено ги чека резултатите од анализите на крвта на девојчето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа