Беровчанец сокрил 6.000 евра во буре со жито - крадците сепак му го пронашле богатството
75 годишен беровчанец пријавил дека останал без богатството кое го криел сво метално буре полно со пченка
Беровчанецот Г.К. пријавил дека од метална кутија која била во метално буре полно со пченка во неговиот двор, непознат сторител одзел 6.000 евра во разни апоени, еден рачен часовник и осум штедни-девизни книшки.
По извршените оперативни проверки и поради постоење на сомнение дека е можен сторител , од страна на полицијата е извршен претрес во возилото и во домот на В. П. (34) во селото Владимирово, каде се пронајдени и со потврда одземени 1.450 евра. В.П и неговата мајка С.П. (53) целосно го признале делото и го опишале начинот на извршување.
Увид на лице место полициска екипа и по целосно расчистување и документирање на случајот против крадците ќе бидат поднесени соодветни пријави.