Сега делегатите одлучуваат - кому ќе му припадне кормилото на СДСМ

Откако на 14. партиски Конгрес, тројцата кандидати за претседател на СДСМ, Зоран Заев, Зоран Јовановски и Кире Наумов ги завршија своите 15-минутни излагања во кои ги презентираа своите програми, сега е ред на делегатите да се изјаснат кому сакаат да му припадне кормилото на  СДСМ.

Во тек е гласањето на кое делегатите треба да го изберат новиот Претседател на партијата. За избран ќе се смета кандидатот кој ќе добие над 50% од гласовите, под услов, да гласале најмалку една од третина од вкупниот број делегати. Доколку ниеден кандидат не добие 50% од гласовите во првиот круг, ќе се одржи и втор круг на гласање, во кој ќе влезат двајцата кандидати со најмногу гласови.