ФОТО: Полицаец-херој го спаси бебето и стави крај на драмата во Нови Сад

Вистинска драма ја потресе Србија. Раде Ритер се заканувал дека со своето едногодишно детенце ќе скокне од зграда, но за среќа, во неговата намера го спречил полицаецот Борислав Зориќ. 

Се започнале во 18 часот и 30 минути кога сопругата на Раде, 42-годишната Даница Ритер, се здобила со тешки повреди откако скокнала од нивниот стан. Откако со возило на Брзата помош била веднаш пренесена во болница, нејзиниот сопруг кој инаку е наркоман и алкохоличар, се заканувал дека ќе се фрли од терса со нивното бебе кое има една ипол годинка. За среќа, полицијата по еден час успеала да го совлада.

Раде од терасата фрлал алишта, метли, џогери, и се што му дошло при рака. Во еден момент седнал на оградата, а полицаецот ризикувајќи го својот живот, брзо ја прескокнал оградата од соседниот стан и го спасил детето, дознава српскиот Курир.

Соседите велат дека Раде два пати до сега ја претепал сопругата и затоа имале семејни проблеми во кои интервенирала и полицијата.

14.08.2014 - 09:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега