Нова трага: Еве каде е забележан автомобилот со кој беше усмртен Лука

Неколку лица до сега потврдиле во полициска станица дека автомобил со швајцарски регистарски ознаки поминал низ село кое води кон Албанија. Се работи за Мини-куперот со кој најверојатно според снимките кои ги има полицијата, е усмртен 21-годишниот Лука, настанот кој ја зави Србија во црно.

Според податоците на српскиот Курир, неколку лица го забележале автомобилот кој ја зави Србија во црно, како оди кон Косово. 

- Видов автомобил како оној за кој во последно време се пишува дека е автомобилот со кој бил усмртен Лука. Мини-Куперот е црвен и има црн покрив, токму како оној што го опишуваат од полицијата, вели извор за српскиот Курир.

Изворот вели дека автомобилот го забележал вчера попладне.

13.08.2014 - 14:11
Фото: 
курир.рс
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега