Воз излетал од шините - повеќе од 28 повредени
Повеќе од 28 луѓе се повредени денеска кога воз во Манила удрил во друга композиција што стоела на станицата Пасај, по што вагоните ја пробиле оградата и излетале од шините.
Во болница во центарот на Манила се префрлени 20 потешко повредени патници, а лекарите соопштија дека тројца од нив имаат сериозни повреди.
Претставник на компанијата „Манила Транзит“ соопшти дека до несреќата дошло поради тоа што на еден воз што доаѓал кон станицата му откажале сопирачките и налетал на друг воз што стоел.
За брзо време оштетените вагони се отстранети, но сообраќајот се одвива со значајни доцнења на градските линии.
Поради страв дека несреќата на возовите нема да е единствена, огромен број на жители на главниот град на Филипините користат свои моторни возила и градски автобуси, така што во попладневните и вечерните часови денеска сообраќајната полиција не успева да воспостави ред на улиците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа