Проверете дали утре ќе бидете без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, информира дека  утре во период од 6:30 до 11:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од  Агино Село и дел од село Трубарево.

Во време од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улиците Диме Мечето и Волт Дизни во општина Шуто Оризари, ул. Алжирска бр. 18 во општина Карпош, корисниците од село Никиштани и дел од улиците Ѓурчин Кокале, Радушка, Апостол Петков и Арсени Јовков во општина  Ѓорче Петров )

Од 09:00 до 14:00 часот вез електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. Хелсинки во општина Карпош, и од 08:00 до 15:00 часот корисниците од   улиците: Алекса Дундиќ, Мара Мажуречка, Роко, Алпи, Ферид Бајрам, Христијан Тодоровски Карпош, Александар Турунџиев  и Кучевишка Бара во општина Бутел.

13.08.2014 - 13:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега