Исламистите од групата „Исламска држава“ остваруваат успеси во Сирија

 

Исламските екстремисти од групата „Исламска држава“ остваруваат успеси во сириската провинција Алепо, соопшти сирискиот Центар за мониторинг на човековите права од Лондон.

Исламистите ја презеле контролата врз два клучни града во провинцијата, Ахтарин и Туркманбарех, што се наоѓаат во близина на границата со Турција.

Ова се случило по жестоките борби на џихадистите со борците на други бунтовнички групи. Шест села во околината на двата града, исто така, се преземени од страна на исламистите.

„Исламска држава“ се побрзо напредува во Сирија, откако во јуни презеде контрола врз градот Мосул во соседен Ирак и на териториите што ги контролира прогласи „Исламски Калифат“.

13.08.2014 - 13:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега