Нови 14 градинки ќе „никнат" во Македонија
До крајот на 2014 година ќе се отворат 14 нови градинки во 13 општини во Република Македонија. Ова денеска на прес-конференција го соопшти портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.
Како што информира Ѓорѓиев, истите ќе се реализираат во 3 групи на проекти, за што Владата ќе одвои 1 милион евра или 58 милиони денари.
Со тоа, ќе се отворат нови 750 места за сместување на деца.
13.08.2014 - 13:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа