Герет Бејл си го оствари сонот
Фудбалерот на Реал Мадрид, Велшанецот Герет Бејл, по синоќешниот триумф во европскиот Суперкуп беше пресреќен што во својот роден град стигна до трофејот.
- Да се дојде во Велс и да се подигне трофејот е остварување на мојот сон. Прекрасно се чувствувам во мојот роден град. Сезонава имаме „страшен“ состав и ќе атакуваме на сите трофеи во натпреварувањата во кои ќе учествуваме. Ни треба уште малку време да се воиграме, но веќе делуваме како вистински тим. Сите напорно работиме и првиот трофеј сезонава е награда за тоа, изјави Бејл.
Реал Мадрид синоќа во Суперкупот на УЕФА во Кардиф, ја победи Севиља со 2:0 со погодоците на Кристијано Роналдо.
- Кристијано уште на почетокот на новата сезона покажува што се може да направи. Тој е извонреден играч и ние сме среќни што го имаме во тимот, рече Велшанецот кој му асистираше на Роналдо при постигнување на првиот гол.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа