"Се возев со монструмот во автомобил" - дали убиецот на Тијана е првиот сериски убиец во Србија?

Полицијата во Србија почнува детална истрага за тоа дали убиецот на Тијана извршил и некое друго кривично дело во минатото. Како што дознава српскиот Ало, до сево ова дошлопоради однесувањето на монструмот кој ладнокрвно седи во затворот без да зборува и да покаже ронка каење или емоции.

- До сега никој не се јави да каже дека го препознал Џуриќ како напаѓач или сторител на било какво дело. Сепак, полицијата, психолозите и инспекторите за сексуални деликти сметаат дека со оглед на неговиот психолошки профил, би можел да биде извршител на повеќе дела. Нговото однесување, изјавата за убиството и ладнокрвноста говорат дека би можел да направи голем број вакви дела, велат извори од полицијата за Ало.рс.

Инаку, неодамна се огласи една девојка која на полицијата и раскажала дека неодамна се возела во автомобил со убиецот.

- Стоев на автобуска, а Ѓуриќ застана. Повеќе пати го имав видено низ населба па се согласив да се качам во автомобилот. Забележав дека е срамежлив, зборувавме за најобични нешта, а потоа излегов и си отидов дома. Кога пред неколку дена видов дека тој е убиецот на Тијана се шокирав, вели таа.

За потсетување, монструмот ја удри со автомобил, ја претепа, ја задави, силуваше и закопа Тијана, која беше прогласена за исчезната од 26 јули.

13.08.2014 - 10:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа