Приведени 40 емигранти со симптоми на ебола во Албанија
Албанската полиција приведе 40 илегални емигранти, од кои за петмина постои сомнеж дека можеби се инфицирани со вирусот на еболата, јави дописникот на МИА.
Веднаш по нивното приведувањето на имигрантите во близина на приморскиот град Валона, петмината со симптоми на смртоносната ебола биле префрлени во регионалната болница поради испитување дали се носители на вирусот.
Според полициски извори, илегалците, кои по поткло се од Еритреа, прво пристигнале во Грција, а потоа илегално влегле на албанска територија.
Точниот број на илегални имигранти од сиромашните африкански и азиски земји во Алабанија не е познат, но полициската стаитистика потврдува дека во изминатиот период од годинава се откриени петстотини, кои главно се од Еритреа и Сомалија. Тие албанската територија ја користат само транзит за да заминат во некоја западноевропска земја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа