Убиецот на Тијана барал да биде ослободен
Судот во Суботица денеска ја одби жалбата на адвокатот на Драган Џуриќ, монструмот кој го зави регионот во црно со грозоморното убиство на малата Тијана, да биде пуштен на слобода.
На Џуриќ му е одреден притвор поради опасноста од бегство. На монструмот му се заканува казна од 40 години затвор.
Убиецот беше уапсен ноќта помеѓу 6 и 7 август. Тој без ронка каење го призна грозоморното убиство кое го направил. Драган најпрво ја удрил со автомобил, потоа ја тепал, па ја силувал Тијана, а на крајот откако ја усмртил, ја закопал. Ладнокрвно, без каење и емоции тој ги однесе полицајците на местото каде ја закопал тинејџерката, и додека тие плачеа и повраќаа, тој гледал како ништо да не се случило.
Инаку, девојчето беше прогласено за исчезнато ноќта меѓу 26 и 27 јули.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа