Кои делови од Скопје утре ќе бидат без струја?

Без струја утре од 8 до 14 часот ќе останат корисниците од улицата „Тодор Чангов“ во населба Аеродром, а од 8 до 15 часот улиците „Алекса Дундиќ“, „Мара Мажуречка“, „Роко“, „Алпи“, „Ферид Бајрам“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Александар Турунџиев“, и „Кучевишка Бара“ во општина Бутел.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, од 9 до 15 часот  без електрична енергија ќе останат и корисниците од улиците „Волт Дизни“ и „Диме Мечето“ од општина Шуто Оризари, корисниците од село Орашје, село Дворце и село Радуша како и корисниците од улица Радушка и дуќаните околу пазарчето во Ѓорче Петров

12.08.2014 - 15:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега