Другото лице на Златан Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ ги платил трошоците за заминување на шведската фудбалска репрезентација на Светското првенство за лица со пречки во развојот. 

Голем број на играчи биле контактирани со цел по пат на аукција да бидат продадени нивните дресови и собраните средства да бидат искористени како донација за покривање на трошоците.

Меѓу тие играчи бил и Златан Ибрахимовиќ, но тој одбил да го даде својот дрес и одлучил сам да го донира целиот износ и да му помогне на тимот на својата земја да го исполни сонот.

-Разговарав со Златан и го прашав дали може да ни го подари својот дрес, а тој ми одговори: Што ќе ви е мојот дрес? Уште колку пари ви се потребни? Кога му кажав дека ни требаат околу 38.000 евра, само ја побара жиро сметката и ги уплати парите. Тоа беше неверојатно и фантастично, изјави помошниот тренер на шведската селекција Стефан Јонсон.

Златан Ибрахимовиќ важи за контроверзен и арогантен фудбалер. Овие 38.000 евра се ништо во споредба со она што го заработува, но сепак неговиот гест секако е голем и е за пофалба.

 

 

12.08.2014 - 15:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега