Арон Рамзи постигна гол - почина Робин Вилијамс

 

Арон Рамзи во неделата постигна погодок за Арсенал на утакмицата против Манчестер Сити, а во понеделникот почина легендарниот американски актер Робин Вилијамс.

Со тоа продолжи тригодишното „проклетство“ и урбаната легенда која гласи дека Арон Ремзи со своите погодоци ден подоцна „погребува“ некоја светски славна личност. Секако дека станува збор за случајност, но навистина е неверојатно што ова се случува кој знае по кој пат.

Ден после гол на Ремзи умираа или биле убиени Осама бин Ладен, Стив Џобс, Муамер Гадафи, Витни Хјустон, Пол Вокер...

12.08.2014 - 14:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега