"Ми ја удираше главата од бетон" - мрачна тајна на семејството на убиецот на Тијана

Семејството на убиецот на малата Тијана кој се наоѓа во затвор, криело уште една мрачна тајна. Макивија Ѓуриќ, мајката на убиецот Драган Ѓуриќ, претепала своја колешка речиси до смрт. Несреќната жена си ја отвори душата и раскажа што се случило. 

- Да точно е! Макивија речиси до смрт ме претепа. Се лекував речиси три години и имав потрес на мозокот. И сега сум потресена кога ќе се сетам на настанот, вели несреќната жена за српскиот Курир.

Нападот се случил пред 20 години кога таа и мајката на убиецот работеле во иста фабрика. 

- Работевме во иста фабрика, долги години бевме колешки. Тој ден на работа бев втора смена и дојдов со велосипед. Никој не видов, но одеднаш од зад грб ми излезе Макивија и ме нападна. Имав долга коса, па таа ме повлече и ме бутна од велосипедот. Почна да ме удира со раце и нозе по целото тело, па ми ја удираше главата од бетонот. Сакаше да ме убие и не се грижеше што моите деца ќе останат без мајка. Постојано велеше: Зошто си му кажала на маж ми дека имам швалер, вели несреќната жена за Курир.рс.

Таа раскажува и дека сопругот на Макивија бил многу љубоморен.

- Никогаш ништо не сум кажала, тој имаше свои претпоставки, беше многу љубоморен. Таа не го изневери, немав потреба да кажам такво нешто. Потоа Макивија кога ја дозна вистината се извини за инцидентот, вели жената.

12.08.2014 - 13:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега