Шпанскиот мисионер заразен од ебола почина во Мадрид
Шпанскиот мисионер, кој се заразил со смртоносниот вирус на ебола во Либерија и беше префрлен на лечење во Шпанија, почина денеска во болницата, изјави портпаролката на здравствената служба во Мадрид.
Мигел Пахарес е префрлен на 7. август со Ербас А310 во воената база Торехон во Мадрид заедно со шпанската калуѓерка Хулијана Боноха Боха, која заедно со свештеникот работела во болницата Сан Хозе во главниот град на Либерија. Таа не била позитивна на тестовите за ебола, но сепак била изолирана во болницата каде и е пружен третман.
Свештеникот Парахес е еден од тројцата мисионери инфицирани со вирусот на ебола кои биле во изолација во болницата Сан Хозе во Монровија. Тие се припадници на католичка хуманитарна организација која има болници ширум светот.
Другите двајца заразени мисионери се Шантал Паскалин Мутвамене од Конго и Пасијенсија Мелгар од Екваторијална Гвинеја. Тестирани се уште три мисионери, но нивните резултати биле негативни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа