Ланокрвен и без емоции: Направил ли убиецот на Тијана и друго грозоморно дело?
Со оглед на тоа што не покажа ни ронка каење за грозоморното убиство кое го направи, убиецот на Тијана, Драган Ѓуриќ, најверојатно доколку не бил фатен ќе станел сериски убиец и силувач.
Според податоците на српскиот Телеграф, со оглед на однесувањето на убиецот, полицијата се сомнева дека најверојатно и порано направил некакво грозоморно дело. На тоа укажува неговата ладнокрвност, бидејќи убиецот ги однесе полицајците на местото каде ја закопал Тијана, а при тоа не покажа никакви емоции ниту каење.
За потсетување, тој ја мачеше, удри со автомобил, тепаше и силуваше девојката, а потоа ја закопа. Девојчето беше прогласено за исчезнато од 26 јули.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа