Продолжуваат протестите поради убиството на тинејџер од страна на полицијата

 

Во американскиот град Фергусон, Мисури, продолжуваат нередите и протести поради убиството на 18 - годишниот Афроамериканец Мајкл Браун.

Полицијата синоќа со солзавец ги растерувала насобраните недалеку од зградата која демонстрантите ја запалија во неделата, соопшти началникот на полицијата во Фергусон, Том Џексон.

Нередите почнаа за време на протестот поради смртта на Мајкл Браун, невооружен тинејџер кој во саботата беше убиен од еден полицаец, а веќе во неделата се проширија и во соседните градови. За време на нередите се приведени 30 луѓе. 

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) започна истрага за смртта на Браун.

Очевидци изјавиле дека Браун ги подигнал рацете во воздух пред неименуваниот полицаец да му пријде и да испука неколку куршуми во него.

 

12.08.2014 - 11:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега