Бан Ки - мун побара да се формира специјален суд за злосторствата на ОВК
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун побара од косовските власти и Европската унија најдоцна до почетокот на следната година да обезбедат услови за формирање на специјален суд, кој би се занимавал со прашањата за воените злосторства на ОВК во Косово во 1999 година.
- Барам од косовските власти, како и од структурите на ЕУ да обезбедат специјалниот суд да се формира најдоца до почетокот на 2015 година, наведува Бан во најновиот извештај за ситуацијата на Косово, кој ќе биде претставен пред Советот за безбедност на ОН на 25 август.
Генералниот секретар на ОН оценува дека извештајот на Клинт Вилијамсон, главен обвинител на специјалниот истражен тим (СИФТ) за злосторствата на ОВК од 29 јули, е од „клучно значење не само за почитување на основните принципи на меѓународната правда, туку и за борба против неказнивоста и за тоа сторителите да сносат одговорност за своите дела“.
Тој исто така и се заблагодари на ЕУ за тоа што обезбедила политички и финансиски ресурси за завршување на овој процес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа