Хирурзите отстраниле тумор од жена - нема да ви се верува колку тежел

 

Мексиканските доктори од телото на 51 - годишната Мерседес Таламантес извадиле тумор тежок 60 килограми.

Операцијата во државната болница во северниот град Кабо Сан Лукас траела четири часа.

Мерседес не можела да излегува од дома во последните две години. Лекарите не соопштија колку килограми тежела пред операцијата.

Таа раскажува дека туморот во нејзините јајници започнал да расте пред пет години. Постепено тој станал толку голем што жената едвај се движела и дури минатиот месец нејзината ќерка ја убедила да посети лекар. 

12.08.2014 - 11:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега