Задоцнета љубов: Ги примила љубовните писма 70 години подоцна
Марта Родригез од Чикаго останала шокирана кога неодамна на нејзината адреса пристигнале две отворени, па со селотејп залепени писма на име Дороти Барос. Писмата биле испратени уште во далечната во 1945-тата година, а и биле испратени од морнар од морнаричката база во Сан Диего.
Синот на Дороти Барос, откако ја прочитал веста во Chicago Tribune ја прашал својата мајка дали некогаш живеела на споменатата адреса. Откако неговата мајка му потврдила, тој стапил во контакт со Марта Родригез и ги преземал писмата.
Додека била во тинејџерските години Дороти, се допишувала со Алон Фракакис. Пет години подоцна се омажила за Виктор Карлберг, кој починал пред две години. Нејзините пет деца се прашуваат што би се случило доколку нивната мајка ги примила писмата на време.
Минатата година уште неколку писма изгубени за време на Втората светска војна пристигнале на своите адреси.
Крис Кунелис и пишувал на својата сопруга од војничките денови во Италија во 1944-тата година. Нивниот син, Чак, писмата ги добил 69 години подоцна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа