ВИДЕО: Ветрот ја оддува количката со бебето на железнички шини

 

Надзорните камери од подземната железница во Лондон забележале како ветер оддувал количка, во која се наоѓало бебе. Жената, која била со детето, скокнала на шините и ја извлекла количката само неколку моменти пред да мине возот, јавува Еј-Би-Си.

Настанот се случил на 23 јули, а полицијата ја објавила сега снимката со цел да ги пронајде мажот и жената од снимката. Тие сакаат да се уверат дека детето не е повредено, но и двојката би можела да добие пријава.

На снимката се гледа како мажот ја спуштил количката по скалите и ја оставил крај преминот. Се качил по скалите за да спушти уште една количка со друго дете. Оддеднаш задувал силен ветар и ја однел количката на шините, по што скокнала жената и го спасила детето.

12.08.2014 - 10:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега