Скандал на Крит- уапсен маж кој фотографирал девојче на плажа

52-годишен Британец  е уапсен на островот Крит, откако таткото на едно девојче се пожалил во полиција дека уапсениот ја фотографирал неговата ќерка додека си играла на плажа.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, обвинителот на областа Ираклио на Крит нареди истрага под обвинение за детска порнографија и нарушување на лични податоци.

Адвокатот на обвинетиот изјави дека тој „општо фотографирал луѓе на плажи“. Британецот веќе една недела бил на одмор на Крит и планирал денеска да си замине дома.

12.08.2014 - 10:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега