Шпанска пресметка вечерва во Суперкупот на УЕФА

Освојувачот на Лигата на шампиони,  Реал Мадрид и освојувачот на Лига Европа, тимот на Севиља вечерва ќе се борат за трофејот во Суперкупот на УЕФА.

Тренерот на Реал Карло Анчелоти најави дека во тимот ќе бидат засилувањата Тони Крос и Хамес Родригез, но нема да може да смета на повредениот Хесе и суспендираниот Чаби Алонсо. Посебен мотив за добра игра ќе има Герет Бејл, бидејќи ќе игра во родниот град.

- Ќе истрчаме во најсилен состав. Тоа значи дека ќе игра и Роналдо иако се жалеше на мали болки во коленото. Што се однесува до Бејл, среќен е што се враќа дома. Секако дека ќе биде во првите 11. Тргнува со позитивна атмосфера, истакна тренерот на Реал, Анчелоти.

Севиља пред овој дуел се соочува со неколку повредени играчи.

Натпреварот ќе се игра во Кардиф, Велс со почеток од 20 часот и 45 минути.

12.08.2014 - 10:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега