Нова серија напади врз позициите на „Исламска држава“ во северен Ирак
Американските борбени авиони синоќа извршија нова серија напади врз позиции на сунитската џихадистичка групација „Исламска држава“ во северен Ирак, соопшти Централната команда на американските вооружени сили.
Во нападите бил уништен контролен пункт на „Исламска држава“, југозападно од планината Синџар, каде илјадници претставници на верското малцинство јазиди се засолнија бегајќи од исламистите.
Уништени се камион за транспорт на борците и оклопно возило.
Американските ловци извршиле напади и врз контролни пунктови на „Исламска држава“ јужно, југоисточно и источно од Синџар.
12.08.2014 - 09:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа