Мајката на убиецот на Тијана си ја претепала сосетката речиси до смрт
Уште една информација поврзана со убиецот на малата Тијана и неговото семејство во шокираше јавноста. И мајката на Драган Ѓуриќ, Макавија Ѓуриќ, насилно се однесувала и претепала своја соседка поради што несреќната жена имала потрес на мозокот.
- Да, точно е дека Макавија скоро ќе ме убиеше од ќотек. Од тие повреди речиси три години се лекував по болниците во Сомбор и во Вршац. Имав и потрес на мозокот, а и денеска трпам последици од нејзиниот напад. Еве и сега се потресувам кога ќе се сетам на тој ден, раскажувала Нада во изјавата за весникот.
За потсетување, Драган ја зави Србија во црно откако ја претепа, уби и закопа 15-годишната Тијана Јуриќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа