52 лица починаа во последните три дена од ебола
Светската здравствена организација (СЗО) синоќа соопшти дека во последните три дена во три западноафрикански држави починаа 52 лица, со што бројот на починати од епидемијата на ебола се искачи на 1.013 лица.
Најголем број смртни случаи се регистрирани во Либерија, каде од болеста починаа 29 лица, во Сиера Леоне 17 и во Гвинеја шест луѓе.
Вкупниот број на заразени од вирусот ебола е зголемен на 1.848 лица.
12.08.2014 - 09:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа