Осветлени стадиони, модерни училишта - донација за Прилеп од Швајцарија

Во О.У. „ Гоце Делчев“ во Прилеп во  тек е средувањето на спортската сала и поставувањето на новиот изолиран ПВЦ под кој е донација од општина Лозано од Швајцарија од спортскиот центар и е во вредност од 25 илјади евра. Оваа донација ја овозможи Веселин Степаноски наш иселеник во Швајцарија.

Тој при посетата на градоначалникот Марјан Ристески на Лозано договори повеќе донации со кои ќе може да се обноват повеќето  спортски сали во нашите училишта и воопшто да се донира во спортот.

11.08.2014 - 13:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега