"Го гасиме телевизорот внуците да не видат како ја уби Тијана" - потресна исповед

Од внуката ги криеме весниците и го гасиме телевизорот за случајно да не дознае што направил нејзиниот вујко. Вака семејството на мажот на сестрата на убиецот Драган Џуриќ кој ја мачеше па уби и закопа 15-годишната Тијана Јуриќ, си ја отвара душата за српскиот Ало.

- Откако дозна што направи нејзиниот брат, неговата сестра не може да се помири, скршена е од болка. Не излегува од куќата и постојано повторува Брате како можеше? Брате како можеше?, велат нејзините свекор и свекрва.

Пред неколку денови на убиецот му било роденден, сите заедно седеле, се веселел и јаделе торта, а по само неколку денови ја слушнале веста која ја згрози Србија и ја примиле со неверување. Сега од неговата внука која тој многу ја сакал и со која има многу слики на Фејсбук, се кријат весници и се гаси телевизорот, за таа да не види што направил нејзиниот вујко.

 

 

11.08.2014 - 12:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега