Ограбувал банки, киднапирал грчки бродосопственик - уапсен Македонец во Грција

 

Уапсен македонски државјанин кој ги празнел касите на грчките банки, објавува Канал 5. Според досегашните информации, тој освен за кражби, обвинет е и за учество во киднапирањето на познат бродосопственик во Атина во јануари 2009-та.

Според Канал 5, се работи за 34 годишниот Бобан Р., кој бил дел од тимот на познатиот грчки криминалец, Панјотис Власотс.

Според соопштението на грчката полиција, Бобан Р. ограбил и учестввувал во грабежи на 21 банка во Грција, во период од мај 2012 до март 2013 и според податоците, тој се збогатил за над 250 илјади евра. Во истиот период, Бобан Р. соработувал со познат грчки криминалец, а се товари и за учество во едно од најголемите киднапирања во Грција, на бродосопственикот Периклис Панагопулос, во јануари 2009 година.

-Тејзер (пиштол за електрошокови), панцир, пластични пиштоли, куршуми, голем број мобилни телефони, 3 перики, фалсификувана лична карта и возачка дозвола, хероин и –пари – биле пронајдени во домот на Ристески во една атинска населба каде што го уапсија, објавува Канал 5.

најчитано сега