Почина легендарниот голман Владимир Беара

Најдобриот југословенски голман на сите времиња Владимир Беара почина на 86 годишна возраст. Поранешниот чувар на мрежата на сплитски Хајдук, потоа на Црвена Звезда,  Алеманија и Келн, починал во Сплит вечерта помеѓу недела и понеделник, на 86 годишна возраст.

Ќе биде запаметен како фудбалер кој заедно со Драган Џајиќ освоил најмногу титули во првенството на поранешна Југославија, вкупно седум, како и по тоа што многумина го сметаа за најдобар голман на својата генерација.

Нека почива во мир!

11.08.2014 - 10:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега