Крвава тепачка со секири, ножеви и пиштоли, еден убиен

 

Вчера во Хамбург избила тепачка меѓу пет луѓе, при што е користено огнено и ладно оружје. Еден 32 - годишен Албанец од Косово починал од убод од нож, а останатите четворица се здобиле со различни телесни повреди. Како што наведува полицијата од овој град, меѓу повредените најтешки повреди има друг Албанец.  

Полицијата успеала да фати еден Турчин (38) кој пробал да побегне со автомобил марка Мерцедес, и тој имал повреди од нож. Останатите двајца се уапсени малку подоцна и кај нив биле видливи полесни повреди.

На местото на настанот е пронајдена една секира, нож и неколку празни патрони. Уапсените несакале да дадат изјави без присуство на адвокат.  

11.08.2014 - 10:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега