„Жал ми е за Тијана, па и јас сум мајка!" - се огласи сестрата на убиецот

Александра Томиќ, сестрата на Драган Џуриќ кој ја уби 15-годишната Тијана, со солзи во очите вели дека не може да верува што го снајде нејзиното семејство и дека брат и направил грозоморно убиство. Неодамна на убиецот му било роденден. Таа вели дека му направила торта, сите седеле и се забавувале, а за неколку дена ја слушнала веста која дефинтивно и го сруши светот врз глава.

- Ете што доживеавме. Не можам да верувам, не можам да го прифатам овој факт. Сакам да можев да го погледнам во очи и да му кажам...Како можеше? Дали знаеш каков товар ни остави на мене и мама?, вели очајната сестра низ солзи за српскиот Курир.

Александра додава дека искрено и е жал за Тијана. - Па нормално дека ми е жал, и јас сум мајка! Не знам како можел да го направи тоа. Јас немам ваков брат, вели таа.

За потсетување, Џуриќ брутално ја уби и силуваше 15-годишната Тијана, а потоа ја закопа. Убиството го призна без ронка каење.

 

11.08.2014 - 09:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега