Групен собир на Бранков мост за поддршка на таткото на Лука

Бојан Јовановиќ, таткото на Лука кој загина откако на него налета автомобил на Бранков мост, денес во 17 часот повторно ќе протестирана местото каде што неговиот син го загуби животот.

Но денеска ќе има поддршка од голем број сограѓани кои сочуствуваат со неговата болка.

Јовановиќ протестира бидејќи полицијата сеуште не го пронашла убиецот на неговиот син.

- Мојата намера е секој ден од 16:20 до 17:00 часот да бидам овде и тивко да протестирам додека не се пронајде виновникот. Мислев дека постојат луѓе кои искрено се посветени на тоа да го пронајдат убиецот, но после 10 дена почнав да се сомневам во тоа. Се надевам дека нивната совест ќе проработи, а и кај оној што му го направи тоа на мојот син. Само сакам душата на мојот Лука да биде спокојна, неодамна изјави Бојан за српските медиуми.

Иако неодамна тој реши дека веќе нема да протестира на мостот по ветувањата од полицијата дека ќе го решат случајот, граѓаните преку социјалните мрежи повикуваат за групен собир во 17 часот на Бранков мост. 

 

 

10.08.2014 - 15:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа